• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

Miley Cyrus Feat. Mark Ronson and Sean Ono Lennon – Happy Christmas War is Over (Cover) Браво Хит

И како последна Браво Хит No.1 песна во 2018-та година, a се најде на врвот на плеј листата на Радио Браво во претпоследната седмица од годината е каверот на божиќната “Happy Xmas (War Is Over)“, во оригинал испеана од брачниот пар John & Yoko. Песната беше седми самостоен сингл кој John Lennon го имал работејќи паралелно и со групата Тhe Beatles. “Happy Xmas (War Is Over)” скоро секој Божиќ се наоѓа на музичките листи ширум светот, особено во Велика Британија, првата година стигна до четвртото, а пикот го имаше во 1980-та, веднаш по убиството на легендарниот член на Тhe Beatles кога стигна до второто место на UK Top singles lista. Оваа година песната е актуелна поради каверот кој Miley Cyrus и Mark Ronson го снимаа заедно со синот на John и Yoko, Sean Ono Lennon.


© Radio Bravo - Kumanovo