• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Christine And The Queens – Doesn’t Matter (Voleur De Soleil) Премиера Хит

Денешниот Премиера Хит, Радио Браво го избра од прекрасниот албум на Héloïse Letissier, односно Christine and The Queens. Според Радио Браво, едно од најдобрите музички остварувања на некој млад автор во последните години. Албумот “Chris” можете да го слушнете оваа седмива на нашата програма, во емисијата Album Of The Week, а еден од термините е денес, во 16 часот. Конкретно, песната “Doesn’tMatter (Voleurdesoleil)“ се истакнува со еден од најемотивните текстови на целиот албум, кој според зборовите на пеачката, зборува за егзистенцијална криза, но како и од целиот албум и од оваа песна слушателот на крајот сепак извлекува доза на оптимизам. Посебно од делот кој во превод велиЧ „Нурни во својот џеб и укради го сонцето и не кажувај им дека ти го имаш сонцето“, или пак од стиховите: „Спаси се, не напуштај се, не враќај се“. Оваа убава песна, покрај тоа што сама се сместува помеѓу фаворитите на албумот, застанува и како вистинска мала ода на слободата и задоволствата за кои и не сме свесни дека ги имаме на располагање.


© Radio Bravo - Kumanovo