• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Rammstein – Deutschland (Премиера Хит)

Rammstein е најпознатиот hard rock band од Германија, формиран во Берлин во 1994-та година. Интересно е дека сите членови на бендот се родени во поранешна Источна Германија. Rammstein е пред се познат по своите настапи во живо, со многу пиротехника, па затоа е и позната паролата кај хеви метал фанивите: „Другите бендови свират, Rammstein гори!” За денешниот пак Премиера Хит, песната “Deutschland“, треба да знаете дека е со извонредно видео во режија на Specter Berlin во кое се прикажани разни настани од историјата на Германија, од римскиот период, средниот век, двете светските војни, студената војна, како и фантастични сцени поставени во вселената. Затоа, обавезно попгледнете го подолу, затоа што, помеѓу останатото е и прво видео со хеви метал песна од неанглиско говорно подрачје со над еден милион прегледи на Youtube. “Deutschland” е прв сингл од претстојниот, седми студиски албум на Rammstein, како и прва песна, воопшто издадена од 2011-та година кога беше објавена “Mein Land”.


© Radio Bravo - Kumanovo