• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Каролина Гочева – Ѕвона (Премиера Хит)

Викендов кога се слави Христовово раѓање, избор на Радио Браво за Премиера Хит е песна издадена пред новогодишните празници и често слушана во изминативе денови на 88,5 Mhz. Сепак, во чест на православниот Божиќ, овој викенд, на почетокот на секој непарен час ја слушаме Каролина Гочева со наменската песна, токму за денешниот празник, „Ѕвона“ – нов сингл од претстојниот албум, кој треба да излезе кон средината на февруари 2018-та година. Музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, додека спотот е во режија на Огнен Шапковски – Мелем Продукција.


© Radio Bravo - Kumanovo