• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Kongsted & Dominik Klein – Stand Up Stand Out (The Official 2019 Handball World Cup Song) Премиера Хит

Денеска започнува 26-то Светско првенство во ракомет за мажи на кое што дел ќе биде и македонската репрезентација предводена од капитенот Кире Лазаров и “el comandante” Раул Гонзалес. Како и секој јануари и овој, „црвено-жолтите“ ќе бидат следени од Радио Браво, а како најава што ќе биде во фокусот на програмата на 88,5 Mhz е денешниот Премиера Хит, официјалната химна на првенството, “Stand Up Stand Out“, во изведба на данскиот DJ Kongsted и германскиот пејач Dominik Klein. Да не дојде до забуна, младиот пејач на кој што ова му е прв сингл, само го превзема името и презимето од прославениот германски репрезентативец кој што е и еден од амбасадорите на овој спортски настан. Kongsted и Dominik Klein ќе ги слушаме денеска во Мерцедес арената во Берлин и на почетокот на секој непарен час на 88,5 Mhz.


© Radio Bravo - Kumanovo