• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Марлон Брандо – Дај ми да пијам (Премиера Хит)

„Марлон Брандо“ го објавија видеото за својата најнова песна насловена „Дај ми да пијам“, која е своевидна сатира за денешницата во Македонија. Автор на музиката и стиховите е мултиталентираниот актер и музичар Кирил Трајковски – Максим, а аранжманот е на Александар Кипровски.Во новата песна гостува и трикратниот првак на хармоника Мишел Трајковски, кој периодов е актуелен со одличната „Тарантино џез“. Со „Дај ми да пијам“ воедно се заокружува и материјалот за првиот албум на „Марлон Брандо“.


© Radio Bravo - Kumanovo