• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

James Blake Feat André – Where’s The Catch (Премиера Хит)

Денешниот Премиера Хит на Радио Браво е превземен од 4-тиот студиски албум на англискиот пеач, текстописец и продуцент James Blake. Албумот се вика Assume Form и оваа седмица во неколку репризни изданија можете да го преслушате на 88,5 Mhz во емисијата Album Of The Week. А што се однесува до денешната „премиера“, “Where’s The Catch” е песна со „заразни“ R&B моменти во која доминира чудесноста, експерименталноста и еластичното компонирање на James Blake. Елементи кои перфектно се споиле со флуидноста на зборовите и спечифичниот глас на славниот André. Со возбудливата подлога и спојувањето на електрониката и попот, резултат е можеби најдобрата композиција на албумот Assume Form.


© Radio Bravo - Kumanovo