• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Twenty One Pilots – Chlorine (Премиера Хит)

По пауза од три години и албумот Blurryface, дуетот Twenty One Pilots изминатиов викенд, поточно на 6-ти октомври го издадоа и нивниот 5-ти студиски албум, “Trench”. Истиот ден, во продижба се појавија два сингла, “Chlorine” и “Morph”, од кој што првиот со пауза од една седмица, ќе го слушаме овој викенд, на Радио Браво, како Премиера Хит, на почетокот на секој непарен час.

На линковите кои се наоѓаа со кликање на насловите на песните, можете да се потсетите на двата промо сингла кои излегоа пред издавањето на албумот, а кои исто така беа промовирани на Радио Браво како Премиера Хит, на 4-ти септември, “My Blood“, и во текот на летово, на 17-ти јули, песната “Jumpsuit“.

© Radio Bravo - Kumanovo