• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Јана Бурческа – Dance Alone (Премиера Хит)

Dance Alone“ е насловот на Евровизиската песна со којашто Јана Бурческа ќе ја претстави Македонија на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизија коешто ќе се одржи во Киев, Украина од 9-ти до 13-ти мај.


Песната „Dance Alone“ е оригинално авторско дело на Joacim Perrson, Alex Omar, Florence A. и Bobi-Leon Milanov, сите дел од SYMPHONIX INTERNATIONAL, реномиран музички бренд кој низ годините има остварено значајни евровизиски достигнувања, како и соработки со светски познати артисти, меѓу кои Kelly Clarkson, John Legend, Kylie Minogue, Lady Gaga, Mary J. Blige, Miley Cyrus, Selena Gomez, Armin Van Buren, Conchita Wurst, Alexandra Stan и Jamiroquai, а дел од авторите на SYMPHONIX INTERNATIONAL беа потписници и на „Лисја Есенски“ на Даниел Кајмакоски.

„Добивме повеќе од двесте песни, меѓу нив навистина прекрасни музички дела, но уште од самиот почеток на отворениот повик во ноември 2016-та „Dance Alone“ на целиот тим ни остана длабоко врежана во меморијата. Сметаме дека имаме фантастична песна, којашто совршено го отсликува темпераментот и енергијата на Јана, а ни дава и одлична подлога за спектакуларен сценски настап“, изјави Мери Попова, шеф на Македонска Евровизиска делегација.

Видео спотот за „Dance Alone“ е работен според оригинална идеја и режија на младиот и талентиран режисер од Русија, Сергеј Железко, којшто работи за „Бојана Филм“ во Софија, кадешто и беше снимено видеото.

„Многу е лесно да се работи кога музиката е одлична и ти дава доволно инспирација. Јана е исто така прекрасен уметник, се обидовме да ја оживееме и продлабочиме приказната на песната, за да наликува видео спотот на еден мал краток филм“, вели Сергеј Железко.

© Radio Bravo - Kumanovo