• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

Billie Eilish with Justin Bieber – Bad Guy (Премиера Хит)

Billie Eilish, 17-годишната пејачка од Лос Анѓелес, во моментов го „владее“ светот. Со нејзиниот дебитантски албум “When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“, таа е „број еден“ во: Австралија, Австрија, Белгија, Холандија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Грција, Ирска, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Шкотска, Словачка, Шведка, Швајцарија и се разбира на најважните музички листи, Британската и американската Billboard листа. Од најдобриот албум на годината, можеби и деценијата, денес ја слушаме новата верзија на “Bad Guy“, песна што беше Премиера Хит, Браво Хит и веројатниот Хит на годината, а албумот “When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“ за Албум на годината за 2019-та на Радио Браво. Уживајте, денес, на почетокот на секој непарен час во дуетот Billie Eilish и Justin Bieber.


© Radio Bravo - Kumanovo