• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Jean-Michel Jarre – Coachella Opening (Премиера Хит)

Жан Мишел Андре Жар (француски: Jean-Michel André Jarre; р. 24 август 1948 во Лион, Франција) е француски композитор. Тој се смета за еден од пионерите на електронската музика, како и за голем иноватор, главно заради спектакуларните концерти коишто ги прави на отворено и коишто вклучуваат ласерски проекции и огномет, спојување на музиката со архитектурата и околината. Концертот на плоштадот Конкорд во Париз во 1979 има еден милион посетители, со што Жал Мишел влегува во Гинисовата книга на рекорди како човек кој собрал најмногу луѓе на концерт на отворено.
На 16-ти ноември, Jean-Michel Jarre го издаде својот 22-ри студиски албум во неговата 48-годишна дискографија. Првиот албум, Deserted Palace беше издаден во 1972-та година, а последниот е со наслов Equinoxe Infinity.


© Radio Bravo - Kumanovo