• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Нокаут – Кога ме сакаш ти (Премиера Хит)

На денешниот празничен ден, Денот на македонската револуционерна борба, избор на Радио Браво за Премиера Хит е од македонската музичка сцена. И не само тоа, со денешнава „премиера“ го најавуваме и музичкиот настан што ќе се случи за – точно еден месец. Значи, на 23-ти ноември, во СРЦ Кале во организација на Авалон Продукција, Нокаут најавуваат голем концерт, а синглот со наслов “Кога ме сакаш ти”, е  и најава за новиот, четврт по ред албум на бендот. Автор на музиката е Дарко Димитров, текстот го напиша Огнен Неделковски, со што е реализирана првата заедничка соработка помеѓу Огнен и Нокаут. Песната е снимена во Студио Перевски и Студио Димитрови, миксот е направен во Студио Димитрови, а аранжманот и продукцијата се на Никола Перевски и Дарко Димитров.


© Radio Bravo - Kumanovo