Emeli Sandé на 16-ти септември на BBC Radio 1, официјално, во живо, ја претстави својата нова песна “Hurts”. Настапот можете да го видите на видеото подолу. При тоа, Sandé изведе и кавери на познатите хитови на Paul McCartney, Rihanna и Kanye West. Значи оваа работна седмица ја започнуваме со Emeli Sandé и нејзината “Hurts”, како Премиера Хит на Радио Браво.