Disturbed објави нова песна од нивниот седми студиски претстоен албум, за кој знаеме дека ќе излезе на 19-ти октомври оваа година. Песната наречена “A Reason To Fight” ни ја открива понежната страна на рок бендот, со што таа е страсна, акустична балада. Пејачот на бендот, David Draiman изјави дека пораката во песната е лична односно дека сите познаваме личност која ни е драга и е жртва на зависност.