• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Ashley O – On a Roll (Премиера Хит)

On a Roll” е песна на американската супер ѕвезда Miley Cyrus која пак за овој свој проект го користи псевдонимот “Ashley O“. Песната беше дел од треттата и последна епизода од петтата сезона на научната фантастична серија “Black Mirror” која беше премиерно емитувана на 5-ти јуни. Синглот на кој на Б страната се наоѓа ремиксот на песната “Right Where I Belong” на американскиот rock band Nine Inch Nails беше објавен на 14-ти јуни.


И сосема сте во право ако денешниот Премиера Хит на Радио Браво ви звучи познат. Имено во “On a Roll”, Miley Cyrus има користено елементи од песната “Head Like a Hole” од деби студискиот албум Pretty Hate Machine на Nine Inch Nails, објавен во 1989-та година. Слушнете и погледнете подолу…


 


© Radio Bravo - Kumanovo