“Level Up” е песна на американската пејачка Ciara, инаку прва нејзина снимка направена по потпишување на новиот договор со Warner Bros. Текстот на песната е на самата Ciara, потпомогната од Theron Thomas од Rock City, а продукцијата е на J.R. Rotem. “Level Up” ќе биде дел од седмиот студиски албум на Ciara.