Поп ѕвездата и YouTube сензација Moriah Rose Pereira, попозната како Poppy го објави својот нов сингл “Time Is Up” во соработка со диџејот и продуцентот Diplo преку неговата издавачка куќа Mad Decent. Синглот и музичкото видео за него излегоа на 22-ри август во режија на Titanic Sinclair. Него заедно и со останатите песни од албумот на Poppy, “Am I A Girl?”, можете да ги видите во живо затоа што 23-годишната пејачка објави дека заминува на турнеја во септември оваа година.