“Me!” е првиот сингл со кој американката Taylor Swift го најавува нејзиниот седми студиски албум. На песната како гост – вокал се слуша гласот на Brendon Urie од Panic! at the Disco. Денес ја слушаме “Me!” како Премиера Хит на Радио Браво, а интересно е дека јавната премиера на песната ќе биде утре, на доделивањата на Billboard Music наградите во MGM Grand Garden Arena во Las Vegas. Телевизискиот пренос ќе може да се гледа во живо на NBC, а Taylor Swift ќе биде една од презентерите на номинациите за оваа најпрестижна музичка награда.