• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

U2 Feat. A.R. Rahman – Ahimsa (Премиера Хит)

Легендарната ирска група U2 ја објави својата најнова песна “Ahimsa”. Композицијата е соработка со индискиот музичар A. R. Rahman и е наречена ahimsa,според доктрината која во буквален превод значи  “не прави лошо” во смисол на респектирање на се што е живо на светот. Тоа е првиот издаден материјал на U2  од Songs Of Experience во 2017 година пред се поради нивната ангажираност во последните 2 години со славењето на 30 годишнината од албумот The Joshua Tree и интензивната концертна турнеја која е некаде на половината на настапите во Азија и Австралија.


© Radio Bravo - Kumanovo