• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Ден на поезија и театарска премиера во „Браво Културен Информатор“

На 21-ви март, по повод денот на поезијата, Здружението на Граѓани „Друштвото на  Писатели Куманов“, со литературните творци од средните училишта во просториите на гимназијата Гоце Делчев одржа поетско музичка средба. Божана Трајковска, претседателка на Здружението на Граѓани „Друштвото на  Писатели Куманов“ најави дека на оваа средба учениците, млади поети, ќе читаат поезија на познати писатели, а сето тоа ќе биде збогатено со музички точки во изведба на млади музички групи.

Вечерва, во 18:30 часот, во Театар Куманово е закажана премиерата на детската претстава „Волшебникот од Оз“. Претставата е во режија на Бојана Краљевска, а актерската екипа ја сочинуваат: Горан Илиќ, Кети Дончевска Илиќ, Сања Русевска, Александра Михајловска, Мартин Лазаревски и Марко Трајковиќ. За Браво Културен Информатор, Горан Илиќ (во улога на Волшебникот) и Марко Трајковиќ (во претставата  го игра Страшилото), говорат за улогите и за претставата на која ја повикуваат и повозрасната структура на посетители и љубители на театарот.

Разговорот со Горан Илиќ и  и Марко Трајковиќ се наоѓа на следниот линк: http://radiobravo.com.mk/emissions/volsebnikotodoz17032016/

 

Целосното интервју со Божана Трајковска, претседателка на Здружението на Граѓани „Друштвото на  Писатели Куманов“, можете да го слушнете со кликнување на плеерот подолу.

Веќе средношколците се подготвуваат и за следниот настан, на 23-ти април, по повод светскиот ден на книгата кога во средното училиште „Перо Наков“ ќе се одржи Митинг на поезијата .

Трајковска со нас ја сподели и веста дека оваа седмица, Здружението на Граѓани „Друштвото на  Писатели Куманов“ го  очекува излегувањето на најновиот поетски Алманах со реден број пет.

© Radio Bravo - Kumanovo