• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Драган Трајковски од ЗПРУ „Кибер Панк“

Поводот за гостувањето на Драган Трајковски од Здружението за промоција и развој на уметности  „Кибер Панк“ е утрешниот настан кој ќе се одржи во кафе бар „Кашмир“, од 21 часот, на кој тричасовен музички концерт ќе одржат три алтернативни групи.

Станува збор за непознати бендови од Австрија и Италија, но со квалитетот сигурно ќе ја воодушеват публиката која ја следи алтернативната Rock ‘N’ Roll сцена. Значи, утре, 11-ти октомври во Rock ‘N’ Roll Bar „Кашмир“ ги гледаме: Superskin, New Root Canal и Christophe Clébard.


Здружението за промоција и развој на уметности „Кибер Панк“, работи на збогатување на културниот и уметничкиот живот во Куманово. По летната пауза, Здружението продолжува со својата работа. Секој месец  ќе организира по една изложба на уметнички дела на уметници во Галерија Куманово, со која имаат одлична соработка. За во месецот февруари, Трајковски најави голем концерт од поголеми размери , нешто слично како концертот на Damo Suzuki кој беше одржан во Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“, на почетокот на летото, на 17-ти јуни и предизвика голема интерес кај кумановската публика.



Слични теми:
Владимир Христов од Здружение за промоција и развој на уметности “Кибер Панк”

© Radio Bravo - Kumanovo