• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Мартија во Радио Браво ја промовира “I don’t Know Your Name”

Откако Мартија Станојковиќ „експлодира“ на „Пинкови ѕвездички“, а потоа ја претставуваше Македонија на јуниорскиот евросонг 2016 во Малта, денеска ја слушаме и гледаме во студиото на Радио Браво.

Новата песна на талентираната Мартија Станојковиќ е насловена “I don’t Know Your Name” или во превод: „Не го знам твоето име“.


Martija Stanojkovic – I Dont Know Your Name (Премиера Хит)

Мартија е родена на 7 април 2004-та година во Куманово. Таа започнала да го развива нејзиниот музички талент кога имала само 5 години, приклучувајќи се на денс студиото “Ултра”. На седум години ја снимила својата прва песна „Пејачка ќе станам“ со која настапила на кумановскиот детски фестивал „Детелинка“. Во септември 2015 го започнала своето учество во регионалното музичко натпреварување „Пинкови ѕвездички“ кое се одржувало во Белград, Србија во организација на Телевизија Пинк, каде постигнала голем успех. Во текот на десетте месеци колку што траело шоуто била еден од протагонистите и со својот неверојатен глас, шарм и сценски настапи успеала брзо да се наметне и да биде меѓу фаворитите за победа. Во суперфиналето одржано на 3 јули во кое останале само десетте најдобри натпреварувачи, го освоила второто место. На 24 јули 2016 била избрана да ја претставува Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 во Малта. Нејзината песна насловена како “Love will lead our way” била претставена во октомври. На Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 одржан на 20 ноември таа го освоила 12-тото место со 41 поен.

Комплетен автор и продуцент на “I don’t Know Your Name” е Александар Масевски. Иако Мартија е многу млада, таа сака да пее сериозни песни кои лежат на бојата на нејзиниот вокал, песни кои најмногу ги чувствува и каде што најмногу може да ги покаже своите вонсериски гласовни способности. Во продолжение уживајте во гласот на  Мартија Станојковиќ и нејзината песна  “I don’t Know Your Name”…


© Radio Bravo - Kumanovo