• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Justin Timberlake – Man Of The Woods (Албум на неделата)

Оваа седмица во Album Of The Week ви го подаруваме петтиот студиски албум на американскиот пејач, текстописец и актер Justin Timberlake под име Man Of The Woods,

кој пак тој го нарекол токму така според својот син Silas, чие име, веројатно на индијански значи Човек на шумата. Албумот Man Of The Woods официјално излезе на 2-ри февруари 2018 година преку издавачката куќа RCA Records инаку сопственост на Sony Music и е петто студиско дело во 15 годишната самостојна кариера на Justin Timberlake кое на пазарот беше најавено со стихот “If you know what’s good…” од првиот официјално објавен најавен сингл, Filthy.


Крал на попот, а всушност JustinaTimberlake е токму тоа, посебно кога работи со старата позната екипа на музичари како што сеамериканското продуцентско дуо, The Neptunes составено од големите Pharrell Williams и Chad Hugo, Timbaland, Danja, J-Roc, Eric Hudson, и Rob Knox. Некои од критичарите токму соработката помеѓу нив ја сметаат за клучен проблем за недостатокот на инвентивност. Точно е дека албумот е малку ретро-носталгичен и не одговара на современите и актуелните трендови на продуцирање на некои тропски звукови што во последно време ги преплавуваат музичките канали. Но дефинитивно на овој албум ги нема ни оние класични поп звуци од минатото, бидејки содржината на оваа дело е микс од фанк, американа, хип-хоп, R&B па дури и кантри правците што се еден вид на декоративни елементи во целата слика.


Иако на овој албум нема песни како “Sexy Back”, “Cry Me A River” или“Rock Your Body”, Justin Timberlake на Man Of The Woods не се повторува, а сепак останува доследен на својот стил и створил дело според сопствената интуиција, а не според начелата на индустријата во која се вклопува, првенствено во интерпретаторски смисол. Албумот Man Of The Woods многумина ке го наречат пензионерски потфат без содржина, но иако на момнети го губи правецот, Justin Timberlake и понатаму е заводлив, танцувачки настроен и ритмичен, а сепак тоа се основните критериуми кои еден Крал на попот треба да ги задоволи.


© Radio Bravo - Kumanovo