Откако со мега хитот “Sweet But Psycho“, американката родена во семејство на косовски емигранти, Amanda Ava Koci или само Ava Max го покори светот, а беше и Браво Хит на Радио Браво, на 7-ми март објави нова песна. За “So Am I“, Ava Max само кратко изјави дека дека песната е за сето она што ги прави луѓето уникатни и различни едни од други, додека пак најпознатиот музички магазин, Billboard ја нарече “pop-heavy химна”.