• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

Bruce Springsteen – Western Stars (Албум на неделата)

Дискографијата на Bruce Springsteen содржи една линија или низа на дискретни, посебни албуми кои тој ги снимил без својот примарен пратечки бенд. На нив наместо бомбастичните песни на E Street Band се наоѓаат потивки, понежни приказни за карактерите кои го гонат оној недофатлив американски сон или илузијата на тој сон и при тоа, паѓаат и пак се дигаат за да тргнат одново. Таа низа на такви албуми започна со “Nebraska”, продолжи со “Tunnel of Love“ и “The Ghost of Tom Joad“ па со “Devils & Dust“, за да добие уште еден нов член, албумот под име “Western Stars“. Добредојдовте во Албум на неделата во кој ке го преслушаме токму овој албум на Шефот или The Boss – Bruce Springsteen насловен Western Stars.


На насловната страница или обвивката на албумот Western Stars на Bruce Springsteen се наоѓа стилизирана слика на коњ во див галоп. Позадината со небото што го завзема најголемиот дел од просторот го чини пејсаж во кој нема трагови на цивилизација. Таа слика, тој коњ, исто како и името на албумот го симболизираат немирниот дух, талкањето во потрага по слободата. Тој слободарски дух често го поврзуваме со јунаците на вестерн филмовите, кои на своите коњи јаваат низ преријата надвор од правилата и законите на цивилизацијата. Името на албумот Western Stars е игра на зборови која во еден дел се однесува на тие јунаци на вестернот, но исто така означува и поглед на ѕвезденото небо на запад, бидејки западот во американската и не само во американската митологија е симбол на нов почеток и нов живот кој чека да го фатиме.


Албумот Western Stars е 19-тото студиско дело на Bruce Springsteen, излезе под етикетата на Columbia Records, на 14 јуни и содржи 13 композиции, а е продуциран од Ron Aniello, продуцентот кој работеше со Springsteen и на албумите Wrecking Ball од 2012-тата и High Hopes од 2014-тата. Во текот на преслушувањето на албумот Western Stars на Bruce Springsteen постојано во ушите и умот ке го имате звукот и сликата на американскиот запад. Звукот на албумот е воедначен, нежен, полн со дискретни оркестрални аранжмани и филмска атмосфера. Како што кажав E Street Band на овој албум го нема освен, се разбира сопругата на Bruce, Patti Scialfi, но затоа се тука многу личности со кои Springsteen соработувал порано. Можеби најинтересен од сите е David Sancious, човекот кој е еден од клучните фигури на првите три албуми на Bruce Springsteen и членот на првата постава на E Street Band, човекот кој го имададено и името на групата според гаражата на мајката на Bruce во која вежбале, а која се наоѓала на улицата E Street Band.


Можеби албумот Western Stars и не е толку добар колку што е Devils & Dust, но делува понепосредно од сите останати албуми на Bruce Springsteen што следеа по него. Во оваа цинично време на однародување во кое живееме, во кое од се започнува да го снемува онаа што западот го нарекува human touch, а ние човечност, во кое целиот свет е во егзистенцијална криза бидејки има се помалку вредности според кои работите можат да се мерат. Bruce Springsteen е токму тоа: утеха, цврст фундамент или сидро на кое може да се потпреме. Во неговите плочи сеуште живее светот од вестерн филмовите, на неговите песни коњите сеуште се убави и брзи, а слободата е достижна.


Слична тема:  Bruce Springsteen – Hello Sunshine (Премиера Хит)

Слична тема:  Bruce Springsteen – Sundown (Премиера Хит)

© Radio Bravo - Kumanovo