• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Lady Gaga & Bradley Cooper – A Star Is Born (Албум на неделата)

Добредојдовте во Album Of The Week, кое издание ке го посветиме на еден албум односно soundtrack од еден филм.

Тоа ретко ни се случува, но ретко се случува и да се појави еден така добар филм. Филмот се вика “A Star Is Born” инаку римејк на истоимениот филм од 1937-мата, музичко романтична драма која ја раскажува приказната за музичарот алкохоличар кој го глуми Bradley Cooper како ја запознава младата и талентирана пеачка, која ја игра Lady Gaga. Филмот е режисерски првенец за Bradley Cooper и премиерно беше прикажан на 75-тото издание на Венецијанскиот фестивал на 31 август 2018 година. Толку за филмот, ми останува уште да ви препорачам да го погледнете и со тоа ке ви биде потполна сликата во преслушувањето на саундтракот за овој, слободно може да се каже “модерен класик”.


Албумот со филмска музика излезе на пазарот на 5 октомври 2018 година, трае 70 минути и содржи 19 песни плу 15 дијалози од филмот и беше одлично примен од публиката и критичарите, всушност за тоа зборуваат и првите места на албумските листи во САД, Велика Британија,  Ирска, Канада, Чешка и Шкотска.


И за крај,  A Star Is Born и филмот и soundtrack-от е едно патување низ љубовната приказна испреплетена со вистинските животни мотиви, болни вистини, добри и лоши страни на љубовта. Качувањата и паѓањата на двете големи кариери и таленти. Тоа е приказна која истовремено ја враќа вербата во сродните души и во исто време го крши самошто залеченото срце. Погледнете го филмот задолжително.


Слични теми:

Bradley Cooper – Black Eyes (Браво Хит)

 

 

 

Lady Gaga – Hair Body Face (Премиера Хит)

© Radio Bravo - Kumanovo