• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Rag’n’Bone Man – Human (Албум на неделата)

Добредојдовте во терминот за ованеделниот албум кој ви го нудиме со детална опсервација и презентација. Оваа издание на Album of the week ке го посветиме на еден албум кој официјално се појави на пазарот на 10-ти февруари 2017-та година, а ние дел од него слушавме уште од месецот јуни од претходната 2016-та, преку синглот чие име всушност е и име на албумот. Сингл кој беше вистински хит на оваа фрекфенција и IP адреса и годишен Браво Хит за 2016-тата, “Human” и Rag’n’Bone Man.

Годишен ТОП 50 на Радио Браво за 2016

Rag’n’Bone Man – Human (Браво Хит за 2016-та година)

Rag’n’Bone Man – Human (Браво Хит)

Rag’n’Bone Man – Human (Премиера Хит)

Уште во првите 10-тина секунди слушајки ја нумерата  “Human” која го отвора истоимениот деби албум “Human” може да почуствуваме и дознаеме се што е важно за човекот кој се крие зад уметничкото име Rag’n’Bone Man. Песната звучи како некоја изгубена снимка од раните 60-ти или пак како исповест на некој афроамериканец на кого никој не му кажал дека ропството е забрането со години, но Rag’n’Bone Man не може да се поврзе ниту со едното ниту со другото. Станува збор за корпулентен англичанец со брада и со вистинско родено име RoryGraham, дефинитивно човек кој го чувствува блузот како да живее целиот свој живот покрај реката Мисисипи.


Целата успешна приказна поврзана со Rag’n’Bone Man за волја на вистината започна неколку месеци пред објавувањето на “Human”, песната по која сигурен сум дека ке остане во историјата, песна која звучи како да е напишана пред 100 години, а која Graham ја слушнал кога една недела решил да му отиде на дедо си на ручек и песна која на истиот тој пејач му осигура сигурна пензија. Целата приказна започна всушност со првиот објавен сингл на 22-ри април 2016-тата, нумерата,  под име “Healed”. Таа не се наоѓа на регуларното издание на албумот, туку само во делукс верзијата. Рецептот на албумот Humanна Rag’n’BoneMan веќе го имаме видено и слушнато, тоа всушност е британската поп-соул-блуз школа, од Adele, прекуGeorge Ezra, John Newman и Sam Smith до Hozier: на силниот вокал и кантавтор му се додава тим на коавтори и на базата на блуз стилот, госпел музиката и соул правецот се создава убав, мелодичен албум, исполнет со интересни нумери со кои ќе се завладеат топ листите.


Секако, можеме да го коментираме колку сакаме деби албумот на Rag’n’BoneMan, “Human”, можеме да тврдиме дека има само неколку песни, дека продуцентите воопшто не се ангажирале околу продукцијата, туку дека пуштиле да работи гласот на пејачот колку може повеќе, но сепак бројките и аргументите се апсолутно позитивни. На 13-ти февруари албумот е на првото место на The Official Chart Update, на 17-ти февруари го освојува првото место и на UK Albums Chart. Продаден е во тираж од 117.000 копии преку физичка продажба и на интернет, нешто што го прави најбрзо продаваниот деби албум на машки артист од 2010-тата година. Прв е во Белгија, Чешка, Холандија, Франција, Ирска и Швајцарија.

© Radio Bravo - Kumanovo